Купи и за дома некое товарче дрва, од шеќер и кафе и кога ќе одиш и таму сварувај си по некое кафе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нарача и кафе, но Стеван одби, поткаснувајќи си ја долната муцка и чудејќи се на Петрушевото безобразие.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се сеќаваше на една ќелија со кревет од штици, еден вид полица што излегуваше од ѕидот, и на еден метален мијалник и на оброците од топла супа и леб, понекогаш и кафе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По локумот и кафето, владиката му вели на нашиот: - Велиш црква да има сред село, ама на повисоко место од џамијата?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мајка му и татко му почнаа кафето да го пијат мешано, пола-пола со наут, оти и кафе тешко се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Приближно во тоа време тој се чудеше што се случува со лажиците, особено со малите лажички кои толку често му притребуваа бидејќи имаше обичај сам да си вари чај и кафе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вели, така ѝ било повкусно - цигарата и кафето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)