„Затвори!... Зошто?“ „Зашто? Од душмани и кодоши“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Татко се сложи и така заврши првиот дел од реферирањето на Камилски за зборовите јаничарство, курбан, башибозук, зандана и кодош.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многу е пишувано за Павлос Мелас, но никаде не е напишано кога и каде водел барем една неколку минутна борба со турскиот аскер за ослободување на Македонија и никој не напишал што се случи, по неговото загинување, со неговата торба во која го имал златото со кое ги плаќал своите паликарја и кодошите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Политички или како?“ праша авторот. „Од душмани и кодоши“, просто повтори жената. И молкна. „Знаете ли барем некого од нив?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- А тие, булкиотите, погани луѓе! Се зборува дека тие таму, во Булкес, учеле како да се биде командант, а најмногу како да се биде комесар и.. И кодош...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)