Имаше и други европски интелектуалци кои по битката кај Сталинград во која загинаа осум милиони луѓе помеѓу фашизмот и комунизмот, со право се определија за комунизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На овие гласови им се спротивставуваа други, според кои татко ми бил фанатичен противник на социјализмот и комунизмот, класен непријател кој не сакал да се солидаризира со новата класа, од „спасените козари”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ако се јават две вери, односно ако покрај религијата се надоврзе и комунизмот, тогаш ќе настанат непотребни, уништувачки борби помеѓу луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ние во Шпанија, помеѓу фашизмот и комунизмот, се разбира, го избравме комунизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)