И додека нѐ трупаат двата по патиштата на чадот  на крајот од тревите ме следи прекорот на жилките  со мирисот на липата  околу куќата и летото.
               
             
           
            
            
              „Липа“
               од Матеја Матевски 
              (1980)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Едностраната британска помош на четниците се одвивала сѐ до 1943 година кога промената на ситуацијата на фронтовите и сојузничките подготовки за десант на Сицилија во пролетта и летото на 1943 година, ги поттикнало сојузниците кон поголеми усилби за активирање на антиокупаторските дејства на Балканот.
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
               
             
           
            
            
              „Големата вода“
               од Живко Чинго 
              (1984)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таа доба дошла само за него по пролетта, есента, зимото и летото.
               
             
           
            
            
              „Забранета одаја“
               од Славко Јаневски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Дури кога  ќе запееја за сонцето и летото, усните ѝ заигруваа, додека ги набљудуваше накиснатите прозорци.
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)