Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во ќебиња и легени - посечени раце, нозе, прсти, скршени заби, извадени очи. Сѐ во една јама.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)