Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци, девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)