Моето постоење, конкретумот на моето битие без тебе, без нас, без она што можеме да постанеме заедно, без нашата љубов, без нашиот копнеж и жед за животот би било сурово, измачувачко, ништовно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Понижувањата, болката и лутината кои му навлегуваа во крвотокот и му проникнаа во срцевината на душата дојдоа до неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не смеам да дозволам да ме води бес и лутина, ги сублимирам негативните чувства но, ќе го унифицирам гневот, тешко е, но ќе издржам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Клечеше пред иконата на свети Наум и се молеше да му прости господ за ова што го стори со Наќо, зашто го навјаса страв и лутина да не им се случи нешто на полковниците, та сета работа да пропадне - да му се запечати судбината на манастиров.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А Китан со жена му и син му вртеа кришум околу куќата на Танаил и со јад и лутина во срцето гледаа кој им доаѓа на честитање.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)