и (сврз.) - магла (имн.)

И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Звукот на крцкање на тркалата е застрашувачки, само тој се слушаше во таа мртва тишина и магла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама тоа за Тодора беше само ветер и магла.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таму, врз дланките огнени да си ги исплачеш солзите кап - кап - кап - капат студени капки - и солзи, и магла во капки престорена, и студен дождец...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На потомците им остави лози натежнати од мака, а и мртов смогна да им даде ишарет - колку многу ветер и магла имало на Клиничките патеки на власта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Осамениот Еразмо, полека, воден од својот Свет дух, се упати кон привлечната бела топка, смеса од облаци, снег и магла, во чија што внатрешност не се распознаваше ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не брзајте! Полека! Со темпо! Воздухот е студен, има и магла и смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Облаци и магли се пореваат, се точкаат, небаре свински црева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што ми зборуваш, Уљо, велам јас, зар се сметна од умот, велам и магла ми се реси пред очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)