и (сврз.) - младост (имн.)

И самата структура на делото соодветствува со темата и мотивите на книгата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Косиве нека го покријат лицето, си велеше, што погусто, за да не му ја видат убавината и другите. Убавината и младоста што ги виде таа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби и младоста и радоста ќе се врати, за кои со толку тага ѝ зборувал Анастас ѕидарот на Надежда Мирска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но јас и сега прашувам: од каде, по сѐ, тој агон да се бара секогаш правиот збор од каде тоа тесно грло тој застој во којшто ферментира минатото, заедно со детството и младоста и она кое следи потоа сето фрагментарно, немонтирано искуство, живот наречено?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)