Така и мравата. Така и човекот. Така и јас, човекот-мрава, со цел лукава, ниска, недостојна што бев; јас, мрава што ви го преподавам ова сочинение Вам, кои доаѓате на лицето на земјата по мене и застанувате пред лицето на Господа, како јас што стоев и не достојав, оти Он ме изгони од пред лицето Негово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И мрави, мрави, што се вели, само да ме лазаат по прасците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)