и (сврз.) - насмевка (имн.)

Ја исполнував со лесни задоволства, лажни вредности, лицемерие и насмевки кои повеќе го изобличуваат лицето отколку што му даваат спокојство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За некои тоа беше доволно за некаква си среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја гледаше Водата од височина, со изобличено лице и насмевка што грми, а ехото од смеата грдо се повторуваше во воздухот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се креваше тоа грдо сподобие на прсти пред нас, и окото бело му светкаше, и насмевка на лицето му се јави.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со песна и насмевка иде на работа, љубазен е со сите, си ја сака професијата...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ама, како што се доближувам, така и насмевката му се намалува. Му се повлекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И насмевката му е сиромашна ко посен селски ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И насмевката брзо ќе му падне од лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
... Мигот, кога го виде да влегува со тортата, цвеќињата и насмевката на лицето, во очите, си помисли дека ѝ се причинува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За топол збор и насмевка, не можеше да стане збор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)