и (сврз.) - недостаток (имн.)

Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По ова би можело да се заклучи дека не правам разлика помеѓу вродениот недостаток и недостатокот од едуцираност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
1. Ингеренции Согласно ЗРО (1993), трудовиот инспектор имаше овластување, ако има повреда на закон, друг пропис, колективен договор или договорот за работа – да донесе решение со кое ќе нареди, во определен рок, да се отстранат утврдените неправилности и недостатоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пред да започне професионално да се занимава со книжевност, работел како контролор на возови, како столарски и чевларски мајстор, милициски агент и командир во Црвената армија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пишувал сатирични раскази и повести за пороците, за страстите и недостатоците на своите современици, како и за историските личности.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На страната на Вујошевиќ немаше полномошник. Имено таа самата се застапуваше.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)