Можело да се претпостави само дека преку нејзиното чело се протегнала уште една брчка, нова и непозната, за капка пот во ноќите на стравот, во ноќите кога повторно ќе си ја прераскаже историјата за оној некој дедо на вториот Онисифор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така е тоа: маваш со врпал и си ги соборуваш врз глава оревите на вчерашната темница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секаде каде што ќе сретневме луѓе, познати и непознати, добри и лоши, на сите им го кажувавме името на нашата мајка, името на нашиот татко, имињата на нашите сестри и браќа, нашите кришни знаци.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури и Светото Писмо вели дека постојат два типа луѓе: едниот е номад, а другиот – земјоделец; едниот сака да освојува нови и непознати светови, а другиот најубаво се чувствува кога ќе се сврзе за својата нива, ќе си квакне во своето народно духовно кеневче, па ќе расправа прикаски за големината на народниот дух и ќе си потпрднува од националниот грав, негово лично производство, најголемиот симбол на светиот дух на неговите предци.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во своето кажување не престануваше да го внесува моето семејство од двете страни на границата, за мене познати и непознати, исчезнати и останати во живот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Триесет и три дни патувавме до таа планина, во сосема чудна и непозната земја, сѐ додека не стигнавме до еден град, Керманшах што се викаше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се поболе и таа од една чудна и непозната болест, што ѝ ја исуши прекрасната снага и лицето нацртано.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)