И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Наместо да си ги стегнете мандолините, примовите, кавалите, шупелките, гајдите, тапаните, барабаните и, качени по овие златни ридови, да свирите, да се смирите, да се радувате и оро да поигрувате, вие очи си вадите, крв си пуштате, си ги сечете главите и зулуми правите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А ние, другарите од нејзиното довчерашно работно опкружување, уредно поканети, наполнивме една цела маса, заедно со едно американско семејство, кое, замислете, веќе со години живее и работи во нашата земја, со 4 деца, од кои 3 беа присутни, па и ората наши ги знаат, па нема-нема, оп на оро.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А пак за џамијата, што велиш, ќе ја правиш, ќе ја правиш и оро ќе играш!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе вклучиме и јужнословенски песни и ора, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЕВТО: Ќе чепкаш и оро ќе играш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тука, во Ташкент свиткавме гнезда, создадовме семејства и го чувавме и јазикот и адетот и песната и орото.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На десетици ражни се печеа јагниња и орото и песната секнуваа дури по заодот на сонцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Палаво и китно орото се залула... Трајче, понесен од партизаните и орото, чекореше напред и играше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)