и (сврз.) - постоење (имн.)

За него се чини дека во Западната култура нема ништо толку основно или самоочевидно за да не се преиспита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност... ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали таа содржи какво и да е експериментално расудување за фактичките прашања и постоењето? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)