и (сврз.) - пот (имн.)

Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се плашам од тоа што не сум, од тоа што сакам да бидам, а никогаш нема да постанам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А треба водата, затоа и се борев и се изборив, за да ја навлажниш испуканата уста и потта да ја измиеш од лицето и од снагата и да ја симнеш наслагата од меѓу прстите на нозете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Два дена не се бричел и сега се гледаше дека брадата му потпораснала и на неа се беше фатила прашина и пот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Челото му беше покриено со измрсена и леплива коса, по лицето му се спуштаа линии на брчки и пот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останала зачудена и не видела, а ни тој, дека разговорот им го слуша легнат под сенка на дуња Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашала бара ли да му плати заради тоа што го носел товарот од половината на поточето стрмоглаво упатено од лесковата гора кон неголемото село, на она патче по кое некогаш, според Доце Срменков, се спуштил светецот Гаврил и ја соѕидал од камен, земја и пот првата лесковска куќа, лесковска зашто некогаш заради лесковите шуми селото се викало Лесково.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потпирав челото на тупаници и пак бев во собата под слабата светлост и меѓу сенки кога влезе Борис Калпак, поточно тој веќе беше во собата кога се тргнав од чинките на мртвите за кои не запаливме ни половина свеќа во некоја црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во моето село пак гумно се гласи, на небото горе пак солнцето пече, во селото мое пак снопје се носат, пак жито се врши и потта пак тече...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Така раскрвавен и валкан полека ме водеа. Влатко и Дејко ме придржуваа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чувствував дека на грбот маицата ми е залепена од крвта и потта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја фатил секирата за рачка и вика: ״назад, не гази ја тревата моја, оти тука пот и пот се леало. И моја пот, и од татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас стенкам, се напињам и пот врне, ко цвик од торба. Топило сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)