и (сврз.) - провалник (имн.)

Бев женскар и лажго и провалник. Затоа го стрелаа мојот ден. В грбник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бев женскар и лага и провалник. Затоа го стрелаа мојот ден. В грбник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Виде лепливи, млечнобели дланки на полуголи и голи мадони, набабрени дојки од модро млеко, глиненоокерни, сиви, лигави скитници, колари, просјаци, снобови со гладни челусти, гладни грла, гладни очи, и беспризорни, и безработници, и провалници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)