и (сврз.) - размисла (имн.)

Тоа е фокусот од каде зачнува прекрасната игра и размисла, тоа е стожерот околу кој кружи химничноста на човековиот труд или мисла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Славни лингвисти ги насочија своите истражувања и размисли кој да биде избраниот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој му тврдеше на Татко, позајмувајќи му книги од Декарт на читање, дека без вистинското картезијанство, односно рационална и длабока анализа и размисла на природните и општествените процеси не ќе може ништо целосно да се разреши на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)