и (сврз.) - сам (имн.)

- Каде заминувате? Ако не е тајна! - иако и самиот веќе имаше откриено преку своето скришно истражување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И самите папсуваат, - велам и со свои очи ги гледам како и тие папсуваат од зацапаноста во сопствените блата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И самата е тајна од билиони и билиони честици на тајни човечки и на природата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да бидеш ти и да бидеш сам и да се најдеш пред себеси еден нов ти. И да се почувствуваш и самиот пред себе си нов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)