Креативното мислење, „залагањето за нешто“, станува капитален криминал. Важи правилото „Пет лични грешки и исфрлен си“, за стотици илјади okno.mk | Margina #32-33 [1996] 28
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Да се мисли со сопствена глава е ерес, предавство, бласфемија. Само ѓаволот и сатаната го практикуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И за другите религии лудилото е потпаѓање под влијание на темните сили, како последица на борбата помеѓу Бог и Сатаната, но се појавиле и оние кои барале поинаква причина за лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)