Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А нас нѐ сместија во плевни. Спиевме покриени со слама и сено, а за јадење добивавме парче пченкарно лепче. Дали ни беше доволно? Не!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)