Не дочека на маж да сврти грб
во знак на почит и разбирање
ниту маж да ѝ се замери
за начинот на којшто спие
за ноќниот декор
секавиците и сигналите за спас
немаше кога да ѝ здодее животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„А, и сигналот овде е каде, каде, подобар на телевизорот, и тоа со обична антена, нели Гого?“, му се радуваше Кизо на приемот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)