Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ги видовме помориите и сушите, чумите и болештините, пожарите и скакулците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Милијарда години гравитацијата нѐ задржуваше дома, подбивајќи се со нас, со ветриштата и облаците, со губарите и скакулците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А пред да помине голема војска, вели, излегуваат многу жаби, гасеници и скакулци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)