Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дури и да го најдеме центарот на светот нема да најдеме мир и спокојство ако бегаме од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Откако се знае во царството наше за одајата кобна (за која голтка знаење ви преподадов веќе, о жедни), со ин и неразјаснет запис, и откако таа одаја и записот се поврзуваат со проклетството кое го било царството и најдобрите колена во родот негов, се знае: додека не се разбере што говори записот, каква ука дава, нема да има мир и спокојство, и проклетството ќе виси над градот и царството наше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Логотетот гледаше стрештено во Филозофот. Не му беше јасно со каква едноставност и спокојство Филозофот раскажа за собитието, како да раскажува како ја отворил вратата, влегол во одајата и потем повторно ја затворил.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бевме излезени од кобната одаја, од видението, и мене ништо не ми беше јасно; изгледаше како ништо да не сме сториле, како само да сме ја разгледале одајата, а на лицето на Филозофот сјаеше некакво чудно блаженство и спокојство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
О каков мир за речите на проклетства и спокојство за жалните и скрбни молби.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Не? Добро; откривањето на документот на трето лице, кое нема да го именувам, би ја довело во прашање честа на една личност од мошне висока позиција; и оваа околност му дава на имателот на документот моќ над видната личност чиишто чест и спокојство на тој начин се доведуваат во опасност.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)