и (сврз.) - стопан (имн.)

Тогаш беше извадена стоката од зимата и стопаните одделуваа и продаваа од неа да се платат и спасат од бељата. И оваа година така стана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Во сабота попладне одиме на гости кај чичко ви Ѓорги на слава“ проговори татко Таки по повеќеминутна тишина, „ Ќе дојдат Ѓуше, Пандора и Тиро со фамилиите, но ќе има повеќе видни гости, грчкио конзул е најавен, некои битолски чауши, газди и стопани, ни јас не знам кој се ќе биди таму, ама, некој ќе е со фамилијата, а сигурно ќе има и некој ерген за женење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)