И пак се сеќавам на зборовите од мајка: ״Кога ќе се роди женско и стреите плачат“ . Ја наведнувам главата, ја кријам во рамената, во шамијата, ама не се крие.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)