Селото како да се претвори во песна која постојано ја придружуваше труба, барабан, маршево чекорење и трчање од горната до долната маала.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од умората и трчањето Трајче легна и како јагне заспа...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)