и (сврз.) - ука (имн.)

Таму тој се здружил со некој даскал и умот му бил само во книги и ука, а не во работата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И рече Филозофот: „Лествичникот е блудник, и блудствува со ќерката на логотетот; откако му е доверена на воспитание и ука, тој секоја ноќ ја води на тајно место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подлизуркото падна на колена пред него и промрморе: „Тагата моја е рамна на твојата, оти во воспитуванието и уката што ѝ ја давав ја имав за ќерка своја.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)