и (сврз.) - факт (имн.)

Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Освен коњската главата со зобник, што се наоѓаше над влезот, и фактот дека храната навистина беше добра, гостилницата на Бланш беше дел од гостилниците што се наоѓаа на автопатиштата ширум континентот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговите очила, нежните, немирни движења и фактот дека носеше старинско сако од црн сомот, му даваа некаков неодреден изглед на интелектуалност, како да е човек од перо, или можеби музичар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во однос на ова британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин на 2 октомври ќе ја извести мисијата Spike дека поради неможноста да се соработува со партизаните “и фактот дека членовите на мисијата практично се затвореници ја евакуирам целата мисија Brasenose и Мекдоналд во најскоро време“.289 На мисијата Brasenose ѝ било наредено на 30 октомври да замине при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)