и (сврз.) - чувствување (имн.)

И прашањето (условно) и одговорот (можен?), поврзани се со овие стихови, со овој циклус песни посветени на Кочо Рацин, со овој Реквием за него, започнат пред половина столетие но присутен во мислата и чувствувањето сиве изминати години, погледнуван само на мигови, со стрептеж, сѐ до овие зимски денови кога повторно осамна меѓу ракописите на мојата работна маса.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Гносеолошкиот процес според Декарт се релизира на неколку нивоа: 1-2 Замислување и чувствување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Светот е во него, во неговите мисли и чувствувања, полн и бучен што му ги запленил сите сетила и ги оттуѓил од тоа што е навистина стварно пред неговиот поглед.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаков чуден хаос од нови мисли и чувствувања го вознемирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно, немаме добар јазик за таа појава – само разнообразие од критички народски зборови (како што е зборот „идентификација“), сите до еден збунувачки, штетни или непрецизни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)