Мртво и вкочането, авторот го отстрани од дворот и чудото се случи – кучешкиот измет на кој секој ден наидуваше го снема.
               
             
           
            
            
              „Продавница за љубопитните“
               од Мето Јовановски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сѐ нешто фали у човека
   поредокот е порозен
   престапи пробиваат
   растројство и безумие
   завера и чудо!
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Заколеничи и му рече:    – Постапив непростливо. Ми фалеше вербата што Господ им ја наложува на верниците.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ме сковал ледот  И мене и брегот, во тешка зима  Ме гуши ледот, ме леди снегот  Во леден свет од мори и чуда.
               
             
           
            
            
              „Сонети“
               од Михаил Ренџов 
              (1987)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бесконечен миг ги чекаше зборовите и чудото. Парацелзус не ни трепна.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)