Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)