Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Детската соба се загреваше со некаква голема печка на дрва, која со своето баботење ја засилуваше и така топлата и безбедна атмосфера внатре, во куќата, наспроти студот на улицата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)