Имаше премрзнати прсти, кои тешко го додржуваа она, што ќе го дофатеа, и остануваа секогаш отпуштени и бессилни за да се вкопаат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Молечвме - тој со склопени очи и забуцани прсти в коса, јас - претпазлив и бессилен да говорам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И сега се извиши по снегот, удирајќи само со една задна нога по празнината над себе, еден докрај совладан волк, пронижан од двете страни и бессилен за сѐ друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мечката стоела, ужасно иззаплетката и бессилна, без да може ни да се помрдне понатаму, само со можноста да продолжи да лелика, онака жаловито и оптегнато, онака мајчински и безизлезно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)