И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
О, сладост На Новото О, убост На болното И вечното Лудување. клучар Темнеам Заспан Студен Сал мојот Клучар Темничар Буден. не се ни родив Не се ни родив Не бев Ни Бил.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И пак, тие очи како да стануваа колепка на еден голем и вечен оган.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)