Се качив од една посивена провинциска станица, возот патува бавно и долго, а јас, и покрај неколку испиени шприцери во станичното бифе, подготвен сум да бидам љубопитен и внимателен соговорник.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мевлид ги информирал за условите во кои ќе бидат принудени да живеат, советувајќи ги да бидат штедливи и внимателни, затоа што немало никакви услови да добијат од некого помош.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не треба овде да си го испробуваме крекањето ниту да си ја вежбаме смеата. И на крајот се пошегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко ти беше дури и премногу воздржан, со резервирана насмевка; сите свои постапки како да ги држеше под контрола, па сепак беше и прилично учтив и внимателен; дури не ме ни праша што готвам за ручек а тоа беше неговото прво прашање кога ќе влезеше во собата; веројатно сметаше дека и ручекот е домашна тајна; само се накашла погледна лево- десно, и изгледа се сети: отиде лично надвор во тремот, го поткрена капакот на тенџерето, а јас го дочекав како и секогаш со онаа моја забелешка "виде?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако Берсон е во право кога вели дека секое филозофирање е “мислење наспроти струјата”, етичкото чувство на маниристите не би смеело да падне во искушение од “расточување”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)