и (сврз.) - горд (прид.)

А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои плачкаа секаде смело, и секогаш силен и горд, со другарите свои, победник идеше в село.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Блажена и горда усмевка му се разлеа на лицето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Не одустанувате од својата игра и горди сте што имате свој медиум за да се убедите дека не сте без вредност?“ Отец Симеон зачудено ги дигна веѓите и се виде себеси во своите илјади облици, за миг испитувајќи дали овој црн тип со долги нозе му ја открива вистината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Скулпторот остана сам крај својата скулптура, среќен и горд на она што го создаде, на своето пресоздадено Јас, изрежано во снегот до совршеност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мудро е решението на Глигор. Умри надвор од оваа зандана: во длабочините на морето или во некоја бездна, слободен и горд...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа се држеше исправена и горда, дури и кога двајца турски гавази ја беа претепале во ендекот близу Бразда, забранувајќи ѝ да му се меша во животот на Музафер-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше жалослив спрема другите и горд со нешто изгубено што нејасно живееше во неговата пијана потсвест.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Горе, скриен зад стебла, ја гледал како стои со секира в рака и без движење свртена кон далечините, осаменички исправена и горда, со ослободена коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој ја чувствувал машката испотеност. Жилите му набрекнувале од копнеењето на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не испеа ниту слог во слава на диктаторот! Остана стамен и горд.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Илинден се собравме под сенките на старите дабови на црквата Свети Илија. Намислувавме за времињата крвави и горди.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Изгледаше многу сериозен и горд што ја пронајде трагата на крадецот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)