и (сврз.) - длабок (прид.)

Татко ми беше среќен што куќата имаше многу широки и длабоки долапи кои можеше да ги исполни со свои­те стари списи, книги, мапи, ракописи, спасени од неколку селидби и војни, пожари и поплави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слабинава боцкаво ме сечеше и бараше починка и длабоко воздвнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Славчо молчеше и си го гризаше малото прсте: очите му гореа и оддаваа силно и длабоко задоволство. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу стрмен е камениот гол ѕид на Котелската Кула и длабока е бездната. Колку траеше летот до дното?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сал молк тежок и длабок како мрачна бездна, молк кобен како најтешка клетва... и болка како од отворена рана... Така посакаа други... – да нема луѓе... и човечки одѕив...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги брчкаа челата небаре од преголема мисла и длабока умисла сами се избраздиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ете, среде вакво опустошување, нихилизмот изгледа ко некаков релевантен, вистинит и длабок став.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А крајот на оваа исповест се чинеше дека дојде по големата пауза и длабоката воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе се стигне на најгорното од тие скалила, се свртува лево, преку простран ходник се влегува во широка и длабока, сала, богато наситена со виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На местото од „шерпи и кутљачи“, сега редам фини теглички од „помадици“ против брчки и длабоки бразди и се откажувам од гордото покажување на моето вистинско лице и времето испишано на него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се изгубија сенките, сѐ пропадна во темница, во оној есенски сон, опоен како мирис на босилек и длабок како мајчина тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој неочекувано извади од длабокиот џеб две стуткани стотки, ги крена високо и удри со тупаница врз масата; ја покажуваше волчата челуст, црна и длабока болка во која тапо јачеа прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брашно нема, сол нема, а ваму зимата широка и длабока. Клапната до копавици. Никаде не те попушта надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По неколку дена падна и снег. Некој мрсулав и недотамен снег. Студен и длабок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој му тврдеше на Татко, позајмувајќи му книги од Декарт на читање, дека без вистинското картезијанство, односно рационална и длабока анализа и размисла на природните и општествените процеси не ќе може ништо целосно да се разреши на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Убавината кај Чинго меѓутоа ги носи пред сѐ отисоците на човековата убавина во чие име младиот писател ги искажува со сериозна и длабока загриженост и вистинитост своите големи и нестивнати стравови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Одеднаш се слушна звук на гитара и длабок машки глас како ја запејува „Саноќ седам Трено“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Реката на тоа место беше тесна и длабока.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Вие сте неправеден и кон Ленин, кон неговата оригинална и длабока анализа на капитализмот и буржоаските идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку тешко сум ја пробудила рамнодушната и длабока дремливост на очите што ме гледаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Продолживме пеш. На тоа место Вардар беше исто така див како и околината, брз и длабок.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се спуштивме дури до брегот и седнавме блиску до водата за да можеме да си ги ладиме нозете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)