Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На пример, Соединетите Држави изгледа дека денес немаат поголем број зависници од хероин по жител отколку што тоа бил случај во времето кога уживањето на таа дрога било дозволено.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури и повеќе, уживањето на дрога претставува реакција на многу фактори, исто како што е тоа случај со алкохолот и тутунот, чија потрошувачка опаѓа без оглед на тоа што двата производа се евтини и дозволени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)