Станав, ја бакнав Ева в чело, ја бакнав Амалија во теменцето и, пред да тргнам, ја ставив раката над срцето, помеѓу градникот и левата града.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Го нема ниту Дрвениот мост што го поврзуваше десниот и левиот дел на градот. Останале само делови од кејот крај реката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Престигнувавме и остававме далеку зад нас други коли со дипломатски ознаки.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бешир минуваше и низ црвени семафори откако ќе забележеше дека немаше коли од десната и левата страна на попречниот пат! Никогаш не возел побрзо!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мојот француски текст на дисертацијата на чија одбрана ми аплаудираше и лева и десна Сорбона, токму тие домашни експерти најдоа рој декаденти автори, од Фројд натаму, како и сталинистички ориентирани педагози.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Ништо не ти подарив за раѓањето на ќеркичката. Немав што да ти подарам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)