Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Наспроти нашиот упатен аналитичар, остануваме резервирани во однос на ставот дека ЛИТЕРАТУРНАТА ДИЈАХРОНИЈА може да обезбеди алиби за задоцнетите и преживеаните форми на епското раскажување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во животот би се нафатил само со една дејност што е надвор од моите политички и литерарни амбиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во споредба со фолклорно-племенската литература на Таџикистан, нѐ теши нашиот соговорник, српскиот егзотичен писател и литерарен херој се котира сосема добро.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)