Со кожен ремен со презрамка, со жолти копчиња со буквата Б на токата и најубавото – со едни многу убави ками во кожни футроли, исто со Б на рачката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Па, тоа е наједноставната и најубава работа на светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како најмлада и најубава, беше поштедена од страната на сите во најголем дел од домашните обврски.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)