и (сврз.) - незнаен (прид.)

Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потсетете се на сите знајни и незнајни борци што ги положиле животите за слободата што ја живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Езерото веќе ги ниша соништата на светот. Вечерницата пак нив ги води по знајни и незнајни места во пресрет на муграта моја што постојано ја создаваме човекот ноќта и јас.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Јас му велев дека не знам по патишта какви и незнајни штичката сама се беше вратила во скрипториумот; но тој не сакаше да чуе, па и натаму ме биеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го прашале каде бил, рекол: „Жалоста од смртта на таткото мој ме прогонуваше шеесет дни и шеесет ноќи по патишта знајни и незнајни; и изодев многу патишта, и секаде го барав таткото мој, но никаде не го најдов.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)