Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во текот на целата пишувана историја, а можеби уште од крајот на Каменото доба, во светот постоеле три категории луѓе: високи, средни и ниски.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко, висок и строен, со исправена става, со вечно благ израз на лицето, и нискиот по раст Камилски, видливо слаб, но со цврст и жив израз на лицето, чекореа по кејот на реката, упатени кон Камениот мост, како балкански Дон Кихот и Санчо Панса, понесени од нивните ветерници зборови, со ислужено значење, но цврсто вкоренети во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Биолошкиот татко, прадедо ми Манас, кривоногиот Куман, грабливецот лихварски, премногу груб беше и низок за оној што го замислував во улогата на дарител.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ни праќаат дел од текстот: - Кејот „Сушица“ во центарот на градот, место да биде најуредено место, тој е еден од најголемите жртви на долгогодишната негрижа и ниска еколошка свест на кичевчани - место за депонирање смет на граѓаните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Пловидба
којзнае дали корените на флората
се изворите на езерото
дали билките ткаат космички страсти
во твоите очи или на разбој
дали се опоравува љубовта
кога едриме
дали сме тоа ние
изненадени од гостопримството
на сонцето
дали преоѓаме еден во друг
и гинеме ли
изненадени
не се креваат облаците
и нискиот притисок
со небото од исти работи боледуваме
никогаш нема да го разбереме
знакот на пловидбата
будни како извори
носиме студена струја
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тишината и празнината конечно се вратија. Исчезна и последната долга и ниска кола со покрив што се расклопува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Лежеше долу, длабоко со својот блескав метал, долга и ниска, и мошне богата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)