Кирова, најпрво, испрати писмено барање до претседателот на синдикатот во кој членуваше – со цел да се разгледа нејзиниот проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, во септември 2002, таа направи и повеќе обиди да го разубеди директорот и правната служба за незаконитоста на одлуката – преку усни и писмени барања, но сето тоа остана без никаков ефективен одговор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој се определи за разглед со Татко и на заемките со почеста употреба во балканските јазици како: фодул, фодулук, мурдар (гнасен, нечист), фајда (корист, полза), шаитлак (доказ, свидетелство).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски најде и низа други турски заемки кои си го свршиле своето во балканските јазици, но чие значење не можеше лесно да исчезне, задржано или во усната и писмената народна меморија или на недоискажаното во новите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)