и (сврз.) - поширок (прид.)

Доста е јасно дека сите студентски судири (како и пошироко, на нивото на глобалното општество) околу претставништвото, делегациите на власта, од истата причина, сега сѐ уште само фантомски перипетии кои се, меѓутоа, сѐ уште доволни, од очајание, да го заземат првиот план.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Проучувајќи ги падовите на другите империи, Татко може да се соочи и со последиците кои ќе се однесуваат на неговото потесно и пошироко семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во сета несреќа, дојденкава, баба, останала единствено дете со плетенки во селото, па и пошироко, а сите други што оделе во Бугарско училиште поради вошките потстрижани до глава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тој контекст, непосредно пред и по завршувањето на Втората светска војна, бил поставен и британскиот интерес спрема Македонија, интерес којшто бил дел од значајните политички движења без кои е тешко да се разбере повоениот развој на Балканот и пошироко на југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целиот овој интерес насочен спрема Македонија и нејзината судбина произлегува, пред сè, од потребата да се зачуваат главно британските интереси на Балканот, т.е. излезот на Егејското Море и опасноста од загрозување на истите интереси во Турција и пошироко во Средоземјето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)