По овој привремен неуспех, а по приемот на писмено изработената пресуда,7 во јули 2009, следуваше жалбена постапка, иницирана од страна на незадоволната Зефиќ, по што предметот стигна до повисокиот Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, со второстепената пресуда, донесена кон крајот на април 2010, беше уважена жалбата и првостепената пресуда беше преиначена8 во корист на Зефиќ, од страна на повисокиот судски совет (во состав: Љ.Арсениевска – претседател и д-р З.Михајлоски и Т.Дуковска – членови).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот на кого предметот му е вратен на повторно судење е врзан за тој предмет со правното сфаќање врз основа на кое се заснова решението на ревизискиот суд со кое е укината побиваната второстепена пресуда, односно со која се укинати второстепената и првостепената пресуда (чл. 386, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За ревизијата одлучува Врховниот суд на РМ – без расправа – и тој одлуката ќе ја донесе најдоцна во рок од осум месеци од денот на приемот на предметот во работа (чл. 373 и чл. 382, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)