Вистинскиот извор на тој глад, имплицира Бартлет, е отсуството на еротско задоволство од мошне општ и основен вид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие, со години, во тешките и пресудните мигови за судбината на семејството, најдобро си се разбираа низ тишината. Така беше и овој пат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сексуалната лишеност е темелна и пресудна за субјективните искуства на геј- мажите, не затоа што сите сме патетични сексуално изгладнети изопштеници кои никако да успеат да си најдат прифатливи партнери, туку затоа што задоволството на возрасните не може баш да ја надомести претходната историја на неисполнетост. (Како што вели Џорџ Хагерти кога зборува за гејството на пасторалната елегија, „Љубовта сочинета од загуба е љубов што изнедрува копнеж што не може да се исполни“.263
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)