Андриќевиот и Селимовиќевиот онтолошки хоризонт е препознатлив во тематскиот корпус на романот: единката и заедницата, човекот и историјата, индивидуата и политиката етичкото и психолошкото димензионирање на ликовите во поширок контекст во кој архетипското проблеснува под романескниот дискурс.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Чистата војна“ во оваа смисла реферира на технолошката и психолошка подготвеност за војна којашто моментно ги обликува политичките и општествени односи, и која придонесува кон „епистемо-техничкиот“ начин на осознавање и бивствување-во-светот базиран врз технологијата на војна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Маргина 37 59 Конкретните и опипливи докази за постоењето на колежи во бомбардираните градови каде што мртвите тела биле запалувани или покопани сега се сведени како резултат на изминати војни, бидејќи крематориумите и термонуклеарната вапоризација ги избришаа сите пресметки за смртта и деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)