и (сврз.) - расположен (прид.)

(Пауза) Вечерва сме пијани и расположени. Предлагам за момент да заборавиме на политика и да се предадеме на културно-забавни активности.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Колтук лукантаси“ се најбројните ноќни локали во Истанбул, а самиот збор значи: кафеана каде што удобно се седи, каде што се пие, седат и расположени во фотелја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беа весели и расположени. Среќни! Јас дипломирав. Татјана се омажи. Липата ја исекоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Утредента се разбуди наспан и расположен да го тера денот во духот на поговорката „Пуљи си работа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Петко се врти кон пенушката. Задоволен е што знае повеќе од другите и расположен е да објаснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Доволно беше нему да му студи и ние мораше да бидеме топло облечени, дур иако е лето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)